Русија и Кина ги завршија заедничките воени вежби во Јапонското Море

Русија и Кина денес ги завршија заедничките воени вежби во Јапонското Море, соопшти Министерството за одбрана на Русија.

На заедничката поморска вежба „Север/Интеракција-2023“, воените морнарици на двете земји изведувале активности за одбивање воздушен напад од замислен непријател.

Нападите на воените бродови од различни правци беа симулирани од борбени авиони на руската Пацифичката флота и на Народно-Ослободителната Армија на Кина. Друга задача во рамките на вежбата беше да се погоди крајбрежна цел со наведувани ракети од море, се вели во соопштението“, објави од ТАСС.