Новак Ѓоковиќ одбил огромни пари затоа што не сакал да ги рекламира сите: Тоа е спротивно на неговите убедувања
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ низ годините изгради имиџ на врвен спортист кој го става своето семејство на прво место, а исто така внимателно избира со кого ќе потпише спонзорски договори.
Токму поради ова, во една прилика остана без можност да заработи огромна сума на пари, откри спортскиот коментатор Небојша Вишковиќ.
„Знаете што одби Новак, колку пари одби затоа што не сакаше да се рекламира, нема да кажам кои фирми. Не сакаше да рекламира нешто што е спротивно на неговите убедувања, што е штетно и слично. Секако, но одредени членови од неговото семејство ‘ваделе’ коса“, изјави Вишковиќ.
Познатиот коментатор не откри за која компанија станува збор, иако многумина мислеа дека се работи за една од обложувалниците, особено поради зборовите на Новак од минатото.
„Лично јас веројатно не би имал обложувалница за спонзор, но знам дека 95 отсто од играчите ќе имаат“, изјави Ѓоковиќ во септември 2023 година.
Пред тоа, неговиот поранешен менаџер Едоардо Арталди откри дека Ѓоковиќ ги избегнува обложувалниците и производителите на алкохол.
Новак навистина сака да го направи светот подобро место, светскиот рекет број еден во тенисот. Пораката што им ја испраќам на луѓето не смее да биде погрешна“, откри Арталди во 2016 година.