Новак Ѓоковиќ: “По завршување на професионалната кариера немам амбиции за влез во политиката“

Најдобриот светски тенисер, Србинот Новаќ Ѓоковиќ, изјави оти по завршување на професионалната кариера нема амбиции да влезе во светот на политиката.

Немам чувство дека тоа е свет или опкружување во кое јас би блескал. Сепак, мислам дека мојата популарност во Србија и регионот може да се искористи за некои други работи во кои би можел да придонесам за животот во општеството“, изјави Новаќ Ѓоковиќ во опширно интервју кое денеска го емитуваше американскиот телевизиски канал CBS News.

36-годишниот Новаќ Ѓоковиќ најави дека сè уште е далеку да стави крај на својата импозантна кариера и порача оти е подготвен да продолжи со соборување на рекордите.

Новаќ Ѓоковиќ досега во својата кариера освои рекордни 24 Грен Слем титули, а триумфираше на 39 Мастерс турнири.