НОВАК ЃОКОВИЌ ЈАДЕ САМО “ИНДИСКИ ПУТЕР“! Ова е најздравата исхрана на светот – лесно се прави, а помага и штити од многу болести
Новото мени на Новак Ѓоковиќ, кое беше објавено од српските медиуми неодмана, ги привлече сите интереси, особено затоа што се споменува „индиски путер“. Оваа храна многумина ја сметаат за најздравата маснотија на светот, а нејзиното првобитно име е „рафиниран путер“.
Тоа е прочистен путер од кој со едноставен процес се отстрануваат водата, заситените масни киселини и лактозата. Некои луѓе сакаат да кажат дека вака путерот станува „посен“, бидејќи се ослободува од цврстите компоненти на млекото. Одличен е како намаз, а може да се користи и за подготовка на храна, како замена за масло.
Во индиската медицина е забележано дека путерот од џи има многу лековити својства: го зајакнува имунитетот, го помага варењето, го забавува стареењето. Лесно е сварлив и бавно гори, па постепено го снабдува организмот со енергија – токму она што му е потребно на Новак Ѓоковиќ.
За да направите „индиски путер“, путерот треба да го ставите во широка тава, на тивок оган и да почекате да почне да пени. Оваа пена треба да се отстрани се додека се појавува. Кога путерот ќе остане проѕирен, процедете го преку газа и работата е готова.
Покрај тоа што се користи во готвењето, на многу места се користи и како лек за разни кожни болести, но и за масажа на телото.