Новата функција на YouTube Music ви овозможува да пребарувате песна пеејќи ја

YouTube Music конечно ја открива функцијата што многу корисници ја чекаа: можност за пребарување песни со нивно пеење.

Оваа функција е забележана во најновата верзија на апликацијата Android и ветува дека ќе го олесни наоѓањето песни.

Како што е соопштено, функцијата е во тестирање од март и сега е на пат кон официјална презентација, пишуваат странските медиуми

Технологијата зад неа користи Al за усогласување на звуците со оригиналните снимки, овозможувајќи брза и прецизна идентификација на песната.

Откако песната е откриена, таа се појавува на екранот со насловот, изведувачот кој ја пее и годината на објавување.

Исто така, постојат различни опции за играње или зачувување.

Се известува дека ова ажурирање е моментално достапно во верзијата 7.02 на YouTube Music за Android, но сè уште не е дистрибуирано на уредите со iOS.