Новата ‘челична дама’ во Европа со остар предлог: “На Русите и Белорусите треба да им се забрани учество на сите спортски настани!“

Премиерката на Естонија, Каја Калас, денес изјави дека на руските и на белоруските спортисти треба да им се забрани учество на сите меѓународни спортски настани, додека продолжува руската агресија против Украина.

Каја Калас смета дека оваа забрана треба да важи и за Олимписките игри во Париз во 2024 година.

Важно е да се задржи забраната за учество на руски и белоруски спортисти на меѓународни спортски настани – дури и под неутрално знаме на Олимписките игри во Париз во 2024 година. Таквата забрана мора да трае сè додека продолжува руската агресија против Украина“, напиша премиерката на Естонија во објава на социјалната мрежа Твитер