Аргентинскиот играч Алексис Мек Алистер (24), кој се согласи да се пресели во Ливерпул, се најде во центарот на вниманието откако неговата сега веќе поранешна девојка изјави дека ја оставил поради нејзината најдобра пријателка.
Камила Мајан, модел и инфлуенсер на социјалните мрежи, беше со своето момче на Светското првенство во Катар во декември, каде Аргентина ја освои титулата, но само неколку дена подоцна нивната врска заврши.
Новинарката Марсела Таура тврди дека Камила била фрлена за Мек Калистер да започне врска со нејзината пријателка Ајлена Кова.
“Ќе бидам 100 отсто искренa. Ми се чинеше дека се оди наопаку, дека нема решение и дека се излегува од контрола. Сè уште сум на половина пат, нема да лажам, но јас почнав да гледа наоколу и сфатив дека има и други убави работи. Сè што се случи, не можев да замислам ниту во мојот најлош кошмар. Никогаш не би замислила толку многу негативни работи за толку блиска личност (Кова)“, признала таа во интервју за телевизиската емисија Intrusos.
Првото јавно појавување на Мек Алистер со неговата нова партнерка беше на свадбата на Лаутаро Мартинез, која се одржа пред неколку дена и на која се собраа дел од членовите на тимот кој ја однесе аргентинската репрезентација на светскиот врв во Катар.
Мек Алистер ќе биде првото засилување на Ливерпул за 60 милиони евра, бидејќи овој трансфер наскоро треба да биде официјализиран. Аргентинецот ги договори личните услови на петгодишен договор кој ќе биде со важност до 2028 година, како што се очекуваше од април.
Да потсетиме, Мек Алистер израсна во редовите на Аргентинос каде прво настапуваше за нивниот втор тим, а потоа во 2017 година премина во првиот тим. Две години подоцна тој беше купен од Брајтон за 8 милиони евра. Сепак, англискиот клуб двапати го позајми (на Аргентинос и Бока Јуниорс), за од јануари 2020 година да стане стандарден член на тимот.
Сезонава забележа 40 настапи во сите натпреварувања. Тој постигна 12 гола и додаде три асистенции.
За аргентинската репрезентација дебитираше во 2019 година. Оттогаш има 16 настапи во националниот тим и постигна еден гол.