НОВА АФЕРА ВО НАЈАВА – Ја тужеше Урсула фон дер Лајен – 50.000 евра или нека ги покаже пораките: Ако каже дека се приватни, тоа укажува на интимна врска
Тужбата го привлекува вниманието на фактот дека Pfizer имаше посебни привилегии како снабдувач на вакцини во ЕУ.
Белгискиот лобист Фредерик Балдан ја тужеше претседателката на Европската комисија (ЕК) Урсула фон дер Лајен пред белгискиот суд во Лиеж поради сомневање дека таа лично преговарала со компанијата Pfizer за набавка на вакцини против Ковид-19 .
Балдан, кој од претседателот на ЕК бара отштета во износ од 50.000 евра за причинетата морална штета , смета дека споменатите обвинувања против Фон дер Лајен ги разнишале јавните финансии и јавната доверба во неговата земја, пренесува бриселскиот Еурактив. .
Тој тврди дека Фон дер Лајен преговарала за набавка на вакцини надвор од мандатот што и го дале земјите-членки на ЕУ.
Земјите-членки на ЕУ и го дадоа мандатот на ЕК, а не на Урсула фон дер Лајен лично , нагласи Балдан.
Во случај претседателката на Европската комисија да ги избрише СМС пораките што ги разменила со извршниот директор на Pfizer Алберт Бурле, тоа може да се спореди со уништување на јавната управна документација, тврди Балдан.
Тој додава дека доколку Фон дер Лајен не сака да ја открие содржината на пораките, самоволно ги ограничува правата загарантирани со устав и наведува дека, според белгискиот закон, ова е кривично дело.
Претседателот на ЕК не може да ја сокрие содржината на СМС пораките повикувајќи се на фактот дека тие се приватни, бидејќи тоа би укажало на интимна врска меѓу Фон дер Лајен и Бурле и конфликт на интереси во преговорите за вакцината, според Балдан .
Тужбата го привлекува вниманието на фактот дека Pfizer имаше посебни привилегии како снабдувач на вакцини во ЕУ.
Во 2022 година, Белгија прими 40,4 милиони дози вакцини против Ковид-19 од сите производители, а од тој број, 27,9 милиони вакцини беа од Pfizer, според Институтот за јавно здравје Sciensano.
Американскиот весник Њујорк Тајмс претходно поднесе тужба против ЕК затоа што извршното тело на ЕУ одбива да објави СМС пораки меѓу Урсула фон дер Лајен и Алберт Бурле, пишува Политико.