Нова драма во животот на Тања Савиќ:11 години помладото момче ја остави поради родителите! ,,Многу сум очајна”
Тања Савиќ била во врска со Мухамед од Бијелина, кој е 11 години помлад од неа, поради што нејзините родители направиле проблем и и’ рекле дека не ја поддржуваат таа љубов. Особено ги иритирало тоа што тој е муслиман.
Бидејќи не сакале да слушнат за него, а на пејачката секој ден и’ велеле дека треба да го остави, Мухамед самиот ја раскинал врската. Тања е очајна и многу лута на семејството, особено на нејзината мајка Живана бидејќи не и’ дозволиле да биде среќна.
„Тој мизерно се обидуваше да балансира и мислеше дека со текот на времето татко ѝ и мајка ѝ ќе попуштат и ќе сфатат дека тој ја чува Тања како ,,капка вода на дланка” и дека конечно е среќна со него.
Бидејќи тоа не се случило, секој ден и’ кажувале на Тања сè и сешто, дури почнале да одбиваат да се грижат за нејзините синови за да не се сретнат со него, тој решил да раскинат и ја оставил. Тања плачела и му рекла дека не ја интересира мислењето на семејството, но тој се повлекол. Таа е лута на своето семејство и се скарала со нејзината мајка и со татко и’.
,,Тања смета дека заслужува да биде среќна по сè што поминала со Душан во бракот. Таа не може да разбере дека нејзините не го прифаќаат Мухамед само затоа што е од друга религија“, вели извор близок на Тања и додава:
„Таа е многу вознемирена, и не може да прифати да биде несреќна поради нејзините родители. Таа сега воопшто не разговара со нив, а тие веруваат дека ова е најдобро за неа и дека гневот ќе и’ помине“, заклучува изворот.