Нова драма во Јужна Кореја: Авионот се запали, патниците итно евакуирани (видео)

Авион на Ер Бусан се запали во вторникот на меѓународниот аеродром Кимхае во Бусан, Јужна Кореја.

Сите 169 патници и седум членови на екипажот се евакуирани. За среќа, нема повредени, објави новинската агенција Јонхап, повикувајќи се на властите.

Пожарот избувнал на опашката на авионот. Несреќата се случи само еден месец по најсмртоносната авионска несреќа на јужнокорејска територија.

Да потсетиме, авионот на Jeju Air, кој доаѓал од Бангкок, при принудно слетување слетал без опрема за слетување на пистата на аеродромот Муан. 
Од вкупно 181 патник и членови на екипажот, преживеале само двајца.