НОВА КАТАСТРОФА ЗА СРБИНОТ – АТП пресуди: Новак Ѓоковиќ нема да може да игра ниту во Сан Ремо!

Поради правилото дека невакцинираните тенисери не можат да влезат во Соединетите Американски Држави (САД), светскиот рекет број еден Новак Ѓоковиќ не може да настапи во Индијан Велс, како и во Мајами.

Денеска организаторот во Сан Ремо го повика Новак да игра на турнирот, но правилата се такви што Новак не може да игра ниту таму, па ќе треба да почекаме да го видиме Србинот на некој друг турнир.

Во членот 7.07 од Правилата на АТП јасно стои зошто српскиот ас нема да може да настапи на споменатиот турнир.

На играчите кои се рангирани од 1-10 на АТП листата, 21 ден пред првиот понеделник на АТП Челинџер турнирот, им е забрането да се регистрираат, да прифаќаат вајлд-карти и да се натпреваруваат на АТП Челинџер турнирот“.

Малкумина се сеќаваат дека Новак го освои Сан Ремо во мај 2005 година и тоа само неколку дена пред да наполни 18 години.

Турнирот во Сан Ремо денеска е во категоријата предизвикувачи од серијата АТП 125.