200 тела беа закопани во масовната гробница во близина на Ал Шифа, најголемата болница во Појасот Газа , изјави денеска д-р Аднан Ел Бурш .
Тој изјави дека на медицинскиот персонал му биле потребни шест часа за да закопаат 200 луѓе.
– Почнавме околу 8:30 часот наутро и завршивме околу 15:00 часот по локално време – рекол Ел Бурш, пренесе Би-би-си.
Според него, телата седеле таму со денови додека не почнале да се распаѓаат, а на лекарите им останало само да ископаат масовна гробница.
– Не можевме да ги отвориме прозорците на зградите поради непријатната миризба што доаѓаше од дворот – изјавил палестинскиот лекар.
Претходно од Ал Шифа беше кажано дека во масовна гробница во близина на болницата се закопани 179 лица .