Нова потрага по богатството на Хитлер: Дали во таен бункер се наоѓа Килибарната соба вредна 150 милиони долари?

Интересни вести доаѓаат од Полска, а се однесуваат на потрагата по митскиот „воз на Хитлер“, наводно полн со украдено злато, накит и делови од Килибарната соба, која била украдена од СССР за време на Втората светска војна.

Од 1945 година, „ловците на богатство“ го пребаруваат возот во областа, а сега се верува дека неговата локација би можела да биде во северна Полска .

Бункер – главна цел

Странските медиуми објавуваат дека Канцеларијата за заштита на спомениците во Гдањск одобрила археолошки истражувања во градот Џемијани, кој се наоѓа на северот од земјата.

Крајната цел е да се пронајде бункер од времето на Втората светска војна за кој се сомнева дека го крие наводниот воз и неговите скапоцени артефакти.

„Колку што е познато, кон крајот на 1943 година, нацистите воспоставиле воен полигон за обука на единиците на СС во градот Џемијани“, вели Јан Делинговски, кој ја предводи потрагата по богатството.

Тој е поранешен радио-офицер во трговската морнарица и последната деценија ја посветил на потрагата по мистериозниот воз, објавува „Сан“.Адолф Хитлер, бункер

Можна врска со Ерих Кох

Делинговски посочи на „историски докази“ што го поврзуваат местото за кое се сомнева дека го крие богатството со нацистичкиот службеник Ерих Кох.

Имено, по Втората светска војна , Кох бил осуден за воени злосторства. Смртната казна била заменета со доживотен затвор, официјално поради неговата лоша здравствена состојба.

Сепак, според декласифицираните документи од Институтот за национално сеќавање (IPN), причината всушност била тоа што полската комунистичка тајна служба и советскиот КГБ верувале дека тој може да ја открие локацијата на нацистичкиот воз со злато.

Затвореник кој го сретнал Кох во 1980-тите тврдел дека нацистичкиот службеник „го открил местото каде што е скриено богатството“ пред својата смрт.Нацистичко богатство

Каде е наводното скривалиште?

Повикувајќи се на сведочењето на затвореникот, Јан Делинговски тврди дека конвојот скршнал од патот „некаде помеѓу Черск и Члухов, кон Одра“.

Сандаците наводно лежат во бункер кој е маскиран и скриен „на ридот покрај езерото, на местото на поранешната касарна на СС“.

Се верува дека содржат делови од Килибарната соба. Современите проценки за вредноста на собата се движат од 142 милиони долари до над 500 милиони долари.

Претходните истражувања на регионот доведоа до откривање на резервоар од тули, според Виртуална Полска.Адолф Хитлер, Трет Рајх, нацисти, нацизам, германска историја, Втора светска војна, роденден на Хитлер

Властите одобрија пребарување

Врз основа на сведочењето на Делинговски и десетгодишното истражување, властите одобрија понатамошно истражување на споменатото место, а официјалната одлука гласи:

„Врз основа на наодите од претходните истражувања за конзервација, постојат причини да се верува дека на парцелата има бункер од периодот на Втората светска војна, кој може да се квалификува како историски споменик. Исто така, можно е присуство на историски материјал, во и околу бункерот.“