Нова снимка на напаѓачот од трговскиот центар во Скопје: Го чекал Штекли во обложувалница, зошто човекот кој пукаше носел слушалки!?
Се уште непознатиот напаѓач кој пукаше во Раде Трајковски – Штекли и неговиот 23-годишен сопатник ги чекал жртвите во спортска обложувалница на првото подземје на Ист Гејт Мол, јавуват медиумите.
Според првичните претпоставки, во заседата мора да имало најмалку уште едно лице кое било на вториот кат од трговскиот центар каде се наоѓа салата. Таму редовно тренирале Штекли и неговиот другар, двајцата повредени во вчерашниот напад.
По излегувањето од фитнес центарот, вториот учесник во заседата го известил напаѓачот кој бил три ката подолу дека целта се упатува кон планираното место за заседа.
Дотогаш, напаѓачот бил во обложувалницата, а „Фокус“ објави и негови фотографии како седи на столот со познатиот аутфит од бел дуксер, црна капа и пиштол во џебот од дуксер.
Откако бил информиран од неговиот соработник, тој го напуштил обложувалницата и кога Трајковски и неговиот другар стигнале до кат -1 и почнале да се спуштаат во гаражата со ескалатор, тој им пришол и ги застрелал одзади.
Тој пукал во двајцата, по што напаѓачот побегнал. Раде Трајковски е полесно повреден и се наоѓа на лекување во болница, додека неговиот другар е потешко повреден и го чека втора операција во Клиничкиот центар.
Нападот се случи вчера околу 15:00 часот а министерот за внатрешни работи потврди дека се работи за судир на криминални групи и негираше дека е виновна полицијата, иако ова е втор напад на Штекли на истото место во рок од два месеци.
Има неколку работи кои се сега јасни. Имало најмалку двајца во групата за “сачекуша”, а тоа го потврдуваат слушалките кои ги има лицето кое пукало и кое тргнува во акција кога преку слушалките му е јавено дека целта се приближува. Извори блиски до истрагата се сомневаат дека оваа престрелка има врска со убиствата во Шиша бар и во Ханиоти, а дека односите на Раде со дел од скопските кланови биле топло ладни после еден настан во клубот Привилиџ кога доаѓа до физичка пресметка меѓу Штекли и роднина на еден од водачите на кланот Грчец!?