Нова снимка од несреќата во Вашингтон: Појасни детали од судирот на авион и хеликоптер

Неодамна објавените видео снимки од несреќата во Вашингтон над реката Потомак даваат нови, појасни детали за судирот меѓу регионалниот лет 5342 на American Airlines, управуван од Bombardier CRJ700 на PSA Airlines и американски воен хеликоптер, Sikorsky UH-60L Black Hawk.

Снимката, која се појави на социјалните мрежи и беше објавена од CNN го прикажува моментот на удар од повеќе агли, обезбедувајќи подобар увид во самиот настан. На снимката се гледа како CRJ700 се приближува до аеродромот Роналд Реган на стабилен пристап до пистата 33 , додека хеликоптер доаѓа од страна и удира во авионот на мала височина. Набргу по судирот, двата авиони се урнаа во реката Потомак.

Видео снимката дава појасна слика за тоа како се случила несреќата , покажувајќи дека хеликоптерот летал ниско и брзо, а авионот немал време да го избегне ударот. Ова видео би можело да биде многу важно во понатамошната истрага, особено во однос на анализата на висината и можноста за избегнување судир.

Истрагата се уште е во тек, а спасувачките екипи сè уште работат на извлекување на преостанатите тела и остатоците од авионот и хеликоптерот.