НОВА ТЕПАЧКА ВО ЛЕТ: Стјуардеса храбро се обидела да одвои 2 патници, но за малку ќе го извлекла ПОДЕБЕЛИОТ КРАЈ (ВИДЕО)

Двајца патници жестоко се степале откако авионот слетал на аеродромот во Бостон!

Патниците на летот од Миртл Бич, Јужна Каролина, за Бостон велат дека мажите почнале да се расправаат веднаш по полетувањето. Расправијата продолжила во поголемиот дел од летот, а кулминирала со физичка пресметка кога авионот слетал.

На видеото се гледа како стјуардесата се обидува да ги раздвои мажите додека тие се обидуваат да се удрат над неа. Едниот успева да помине покрај стјуардесата и скока на другиот, по што и двајцата паѓаат на своите места. Останатите патници викаат да застанат, но мажите ги игнорираат.

Мажите престанале да се караат дури кога патниците почнале да излегуваат од авионот.

– Кутра стјуардеса! Таа даде се од себе. Се ставила во опасна ситуација за да ги заштити другите на летот – изјавила Никол Гром за вестите на Бостон 25 , која била на летот со своите родители.

Видеото може да го погледнете ТУКА.