Нова терапија за метастазиран рак на панкреасот кој се проширил на црниот дроб

Метастатски карцином на панкреасот или аденокарцином на дуктален панкреас е многу агресивен и смртоносен тумор и сочинува повеќе од 90 проценти од случаите на овој тип на рак. Кај луѓето кои развиваат метастатски рак на панкреасот, метастазите на црниот дроб исто така се јавуваат во 40-50 проценти од случаите. Експертите посочуваат дека во моментов нема ефективни терапии за лекување на пациенти со рак на панкреас кои имаат метастази во црниот дроб.

Имуносупресивните макрофаги поттикнуваат метастатски рак на панкреасот да расте и да се шири

Добри вести доаѓаат од научниците од Универзитетот во Ливерпул кои ја утврдиле ефикасноста на новиот третман за метастатски рак на панкреасот. Нивниот истражувачки труд, објавен во Nature Cancer, опишува нови сознанија за улогата на ефероцитозата (закопувањето на мртвите клетки) кај ракот на панкреасот кој се шири на црниот дроб.

Тимот на научници беше предводен од професорот Мајкл Шмид од Универзитетот во Ливерпул и нивната студија покажа дека метастазите на панкреасниот дуктален аденокарцином (PDAC) покажуваат високи нивоа на имуносупресивни макрофаги – вид на бели крвни зрнца кои промовираат раст на туморот.

Истражувачите открија дека блокирањето на патеката на ефероцитоза за време на метастазите во рана фаза ја спречува оваа имуносупресивна активност кај макрофагите, враќајќи ја активацијата на Т-клетките и намалувајќи го метастатското оптоварување на туморот. А резултатите од истражувањето, велат тие, се производ на фантастичен заеднички напор на научници, медицински онколози, хирурзи и пациенти кои работат заедно за да најдат подобри третмани за пациентите со рак на панкреасот.

Метастатски рак на панкреасот предизвикува малигните клетки често да се шират на црниот дроб

– Кај ракот на панкреасот, малигните туморски клетки често се шират на црниот дроб. Нашите податоци покажуваат дека создавањето на поддржувачка метастатска „ниша“ во црниот дроб е критично за ефикасен раст на малигните клетки на далечно место. Наодите покажуваат дека специфичен тип на имуни клетки го оркестрира формирањето на метастатската ниша со репрограмирање на други имунолошки клетки, со што се создава имуносупресивна метастатска микросредина, каде што малигните клетки можат да се сокријат од антитуморниот имунолошки одговор. Целта на овој специфичен тип на вродени имунолошки клетки или мешањето со нивните имуносупресивни функции може да послужи како иден ефикасен терапевтски пристап за пациентите со метастатски рак на панкреасот – објасни водечкиот автор на студијата, професорот Шмид.

– Користејќи едноклеточни технологии, откривме недоволно ценета разновидност на макрофаги во метастазите на црниот дроб од рак на панкреасот. Утврдивме дека во црниот дроб, макрофагите поврзани со метастази коегзистираат со спротивни функции, од кои некои покажуваат имуностимулаторни, а други имуносупресивни карактеристики – истакна д-р Јулијана Астути, која учествуваше во студијата.

Нов механизам за насочена терапија

Како интересен факт, научниците наведуваат дека понатамошната временска анализа открила дека метастазите во црниот дроб се придружени со зголемена смрт на клетките на ткивото на црниот дроб и дека навлегувањето на мртвите клетки делува како клучен двигател за репрограмирање на макрофагите кон имуносупресивен фенотип.

Главниот соработник во истражувањето, професорот Аинхоа Миелго, изјавилќ дека ракот на панкреасот е многу агресивен вид тумор кој често се шири на црниот дроб.

– Во моментов немаме ефективни терапии за лекување на пациенти со рак на панкреас кои имаат метастази во црниот дроб. Овие наоди се навистина возбудливи бидејќи откриваат механизам со кој клетките на ракот на панкреасот кои се шират и растат во црниот дроб можат да бидат насочени. Нашата надеж и цел сега е овие лабораториски откритија да ги преточиме во корист на пациентите – истакна професорот Миегло.