Меган Маркл сподели дека нејзиното име е Рејчел, исто како и името на ликот што го глумеше во серијата Suits.
На социјалните мрежи се прошири видео во кое новинарката случајно и се обраќа на Меган со Рејчел, а војвотката од Сасекс одговори дека всушност не греши.
“Моето прво име во реалниот живот е Рејчел. Никој никогаш не ме викаше така, но моите родители ме именуваа Рејчел Меган Маркл. Имав проблеми поради тоа со сите правни документи. Ти всушност ме викаше со моето име”, сподели Меган.
Новинарот тогаш и кажал дека не знае за тоа.
Инаку, серијата Suits која ја прослави Меган Маркл повторно стана популарна откако пристигна на Нетфликс. Поради ова, наводно се работи на нов спин-оф.
@suitsarmy Meghan Markle Name Is Rachel omg #suitsnetflix #suitstvshow #suits #fyp ♬ original sound – Suitsarmy