Новинарка го праша Јокиќ како се носи со притисокот: Никола одговори во негов стил и ги воодушеви фановите! (ВИДЕО)

На крилата на фантастичниот Србин, актуелниот шампион стигна до осмиот триумф сезонава.

Нагетс го совладаа големиот Голден Стејт со 108:105, а незапирливиот Никола мечот го заврши со 35 поени, 13 скока и пет асистенции.

По мечот, американската новинарка го праша Јокиќ како тој и неговите соиграчи успеваат да се справат со притисокот, бидејќи ривалите се екстра мотивирани кога играат против шампионот во НБА.

Следуваше интересен одговор од Србинот.

„Не размислуваме така, само се трудиме да победиме на секој натпревар, немаме притисок затоа што сме шампиони, само уживаме во моментот, играме заедно и се обидуваме да победиме колку што можеме повеќе“, рече најдобриот играч на Нагетс.