Новинарот известуваше за последиците од земјотресот, а за време на прилогот почна уште еден катастрофален земјотрес (ВИДЕО)

Земјотрес со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала го погоди југот на Турција денес рано во провинцијата Кахраманмарас, а жртви и разурнувања има и во соседна Сирија. Неколку часа подоцна истата провинција ја погоди и вториот земјотрес, со јачина од 7,6 степени. Помеѓу тие два силни земјотреси, ЕМСЦ забележа десетина последователни потреси со магнитуда поголема од 5, со голем број на магнитуди над 4.

По утринава катастрофалниот земјотрес со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала, кој ги погоди Турција и Сирија и загинаа најмалку 1.500 луѓе, цело утро Турција ја тресат послаби земјотреси.

Но, во 11:25 часот нов силен земјотрес со јачина од 7,7 степени ја погоди Турција.

Во моментот кога Турција ја погоди вториот катастрофален земјотрес, новинарот на ,,Хабер Ајанси” известуваше во живо од Кахраманмарас, Турција, каде известуваше за последиците од земјотресот во раните утрински часови.