Новинарот од САД кој беше уапсен во Русија забележан во јавноста за прв пат: Се појави пред судот во Москва за да поднесе жалба на притворот – му се заканува 20-годишна казна затвор (фото)

Новинарот од Соединетите Американски Држави (САД), Еван Гершкович се појави пред судот во Москва за да поднесе жалба за притворот, воедно ова е негово прво појавување во јавноста по апсењето во Русија.

Како што пренесува BBC, тој стоел со скрстени раце во стаклен кафез и не рекол ништо, пишуваат руските медиумите.

Еван Гершкович
Еван Гершкович

Еван Гершкович, кој ги отфрли обвиненијата, е во судот во Москва на сослушување каде судијата би можел да му го потврди притворот, да го префрли во друг затвор, да му одобри домашен притвор или да му одреди кауција. Во судницата се и американската амбасадорка во Москва, Лин Трејси, и адвокатите на новинарот Татјана Ножкина и Марија Корчагина.

Според информациите на странските медиуми, Еван Гершкович, дописник на весникот The Wall Street Journal, кој претходно работел за AFP, бил кривично гонет според член 276. од рускиот кривичен законик.

На Еван Гершкович му се заканува казна затвор од 20 години. 

За потсетување, тој е во притвор од 29. март.