Американскиот претседател Доналд Трамп доживеа непријатност кога репортерката која сакаше да постави прашање во воздухопловната база Ендрјус во Мериленд случајно го удри со микрофон во лицето.
„Тоа само стана голема приказна“, коментира Трамп среде одговорот на новинарско прашање за ситуацијата во Појасот Газа , пренесува лондонскиот таблоид Мирор.
Додека новинарката со микрофон во рака му пријде на американскиот претседател подготвувајќи се да постави прашање, таа случајно го удри Трамп во лицето.
Трамп брзо се опорави и најави дека ќе продолжи да одговара на прашањето, но сепак коментира дека случајот со новинарката и микрофонот ќе биде „голема приказна“.
🤔 White House press pool journalist
— Alexandra Spencer🍉🇷🇺💔 (@AlexandraS35848) March 15, 2025
shoves microphone into Donald Trump’s
face 🤡. pic.twitter.com/i7QBKcIq43