Новиот портрет на Доналд Трамп ги изненади сите! Погледнете го необичниот детаљ што го привлече вниманието на сите (ВИДЕО)

Белата куќа објави нов официјален портрет на американскиот претседател Доналд Трам, кој го прикажува во малку потемно осветлување од портретот објавен пред неговата инаугурација во јануари.

На најновиот портрет, Трамп носи препознатлива црвена вратоврска, а неговото лице е нагласено со длабоки сенки, според Си-Би-Ес.

Лицето на Трамп беше посветло осветлено на портрет објавен претходно оваа година, на кој носи сина вратоврска. Претходната фотографија имаше американско знаме во позадина, додека новата верзија го прикажува Трамп пред црна позадина.

Двете фотографии се направени од главниот фотограф на Белата куќа, Даниел Торок.

Во понеделник, Белата куќа сподели кратко видео од поставувањето на новиот портрет во зградата на Извршната канцеларија на Ајзенхауер.

Претставник на Белата куќа изјави за Си-Би-Ес дека ажурираниот портрет наскоро ќе ги замени официјалните фотографии на Трамп кои веќе беа закачени во федералните згради и канцеларии.

Новата верзија веќе е ажурирана на веб-страницата на Белата куќа. Официјален портрет од првиот мандат на Трамп го прикажува како широко се смее пред американското знаме и носи сина вратоврска.