Новиот Супермен фатен додека снимаше голи сцени, погледнете ги фотографиите поради кои стана мета на коментари на Твитер!

Улогата на Супермен му припадна на Дејвид Коренсвет, додека улогата на Лоис Лејн ќе ја преземе Рејчел Броснахан.

Холивудскиот актер  Дејвид Коренсвет (30)  го замени  Хенри Кавил и со тоа стана новиот Супермен.

Папараците го уловија во Сан Педро за време на снимањето на романтичните сцени со актерката Рејчел Броснахан, која ја толкуваше улогата на Лоис Лејн.

Дејвид носел само шорцеви за капење, а неговите издлабени стомачни мускули не можеле никого да остават рамнодушен.

Фотографијата заврши и на профилот на Твитер, каде обожавателите го коментираат неговиот совршен изглед.

Што велите за новиот Супермен?

„Помогни ми Супермен“, „Ухх изгледа навистина добро“, „Ти си супер“, „Згоден“, се само дел од коментарите.

Актерот го видовме во популарната серија на Нетфликс „Политичарот“, но тој сигурно ќе добие повеќе фанови по улогата на суперхерој. 

Премиерата на филмот „Superman: Legacy“ ќе биде прикажана на 11 јули, а заплетот на самиот филм се уште не е познат. Се смета дека го следи Супермен додека го усогласува своето наследство со неговото човечко воспитување. 

Инаку, аудицијата траеше два дена, а во потесниот круг имаше три имиња.