Новиот ChatGPT не ги импресионираше сите: Експертите го фалат кодирањето, корисниците жалат за стариот модел

Новиот модел на вештачка интелигенција GPT-5, кој OpenAI го лансираше на 7 август 2025 година, веќе собра голем број прегледи и коментари од корисниците. Експертите го сметаат за значаен чекор напред, а некои корисници тврдат дека промената донела повеќе разочарување отколку задоволство.

Според „Фајненшл тајмс“, GPT-5 претставува „еволутивен, а не револуционерен“ напредок и тие наведуваат дека има јасни подобрувања во кодирањето, расудувањето и намалувањето на неточните одговори.

Дури и „Економик тајмс“ посочи подобрувања во работата, емоционалната интелигенција и долгорочната меморија, а „Ројтерс“ објави дека раните корисници забележуваат подобри резултати, но дека разликата во споредба со GPT-4 не е драматична.

Од друга страна, корисниците на Reddit и Business Insider не се задоволни, особено поради откажувањето на претходниот модел GPT-4o, кој се сметаше за „пријателска“ и „потопла“ верзија.

Некои го опишаа GPT-5 како „поладен“ и помалку личен, а TechRadar објави коментари од корисници нарекувајќи го „најлошото надградување досега“.

Некои од рецензентите наведуваат дека GPT-5 е побрз, попрактичен и поефикасен во извршувањето на задачите, но дека е по„деловен“ и дека прецизно ја завршува акцијата.

Иако шарената почетна страница на прв поглед е „wow“, во споредба со белата позадина, мислењата за најновото ажурирање се поделени. Додека некои виделе пријател во ChatGPT, други виделе асистент на работа, па затоа мислењата се поделени.