Новите папарацо фотографии на Бен Афлек се урнебесни

БЕН АФЛЕК глуми и продуцира нова реклама за Dunkin Donuts. Снимањето се одвивало во Лос Анџелес, а папараците го снимија Бен на сетот. Фотографиите се урнебесни.

Бен има полни раце работа. Носи еден куп кутии кои за миг му паѓаат од раце. Тој правеше гримаси и носеше маица на Day Ones со фотографија од него и Мет Дејмон во нивната младост. Подоцна во текот на денот дојде специјалниот гостин, тиктокер и инфлуенсер Чарли Д’Амелио.

Повторно ја создаде ситуацијата од 2020 година.

Идејата за рекламата произлезе од ситуација во 2020 година, кога Афлек истури кутии со подароци од Данкин надвор од неговиот дом во Лос Анџелес. Набрзо тоа видео стана вирално на социјалните мрежи. 

Се претпоставува дека рекламата се снима за Супер Боул, бидејќи минатата година во нивната реклама за тој настан учествуваше и Афлек.