НОВИ ДЕТАЛИ ЗА ПУКАЊЕТО ВО “ИСТ ГЕЈТ МОЛ“ – Маскирани лица отвориле оган кон Раде Трајковски – Штекли – лице кое се “поврзуваше” со убиството на фудбалерот Мартин Јанушев !?

Пукање од огнено оружје се случило денес попладнево во трговскиот центар East Gate Mall (Ист Гејт Мол). Како што информираат од Министерството за внатрешни работи престрелката се случила околу 16 часот, и за среќа нема повредени.

Како што информираат од МВР, според првичните информации престрелката се случила во гаражите односно паркинг просторот на трговскиот центар.

На 25.08.2023 околу 15.50 часот во СВР Скопје е добиена пријава дека во гаражите на трговски центар во Скопје едно лице кое било со патничко возило Audi, пукало кон Р.Т. (39 г.) од Скопје, но не го погодило“.

Се вели во кусото-соопштение од страна на Министерството за внатрешни работи, а се додава и дека во возилото, според пријавеното, имало уште едно лице.

Дел од македонските медиуми неофицијално дознаваат и објавија дека две маскирани лица со фантомки на главите, вооружени со автоматско оружје „Шкорпион“ пукале кон лицето Раде Трајковски – Штекли од патничко возило кое потоа било запалено во Грчец.

Автоматското оружје „Шкорпион“ е автоматско оружје кое често се дефинира како автоматски пиштол.

Според информациите кои ги добиваме ние, во лицето Раде Трајковски – Штекли е пукано во паркинг просторот на ниво минус 1 во трговскиот центар Ист Гејт Мол, а Штекли во тие моменти наводно се враќал од вежбање од теретаната во трговскиот центар.

Раде Трајковски – Штекли

Раде Трајковски – Штекли, неофицијално се поврзуваше со убиството на младиот фудбалер Мартин Јанушев. Тој пред две години беше екстрадиран по апсење во Србија и беше предаден на македонските власти по што беше спроведен во Истражниот затвор Шутка.