НОВИ ДЕТАЛИ ЗА ПУКАЊЕТО ВО ХЈУСТОН: Рафали во директен пренос ја прекинаа водителката, ИМА ПОВЕЌЕ ОД ЕДЕН НАПАЃАЧ?

Евакуацијата е во тек.

Денеска имало пукање во црквата Лејквуд во Хјустон, додека телевизија случајно го снимила почетокот на пукањето , но и паниката која се проширила меѓу толпата кога одекнале истрелите

Имено, како што пренесуваат локалните медиуми, богослужбата на шпански започнала околу 14 часот (по локално време) во црквата Лејквуд на Пастор Џоел Остин во споменатиот град, при што еден телевизиски канал имал директен пренос.

Како што можете да видите на видеото, водителот бил прекинат на средина на реченицата кога почнало пукањето, а кога се обидел да продолжи таму каде што застанал, верниците зад него почнале да врескаат и да бегаат.

-Целата црква почна да се моли и да го прогласува името на Исус. Си помислив: „Ова можеби е последен пат да се молам, да го прославам името на Исус, па ќе го сторам тоа“, изјави за медиумите сведокот, кој бил во црковниот хор во моментот на пукањето.

Две по две децата бегаат од местото на пукањето

 За потсетување, портпаролката на противпожарната служба Марти Блек потврди дека противпожарната служба реагира на пукањето во црквата Лејквуд, што се случи околу 14 часот (по локално време). На слики и видеа, пред црквата се гледаат полициски автомобили и возила на брза помош.

Во тек е евакуација

Локалните медиуми јавуваат дека полициските сили на теренот им викаат на луѓето да се засолнат и да се движат од областа околу црквата, додека евакуацијата продолжува.

– Семејствата чекаат да се обединат. Полицијата им вика на луѓето да се движат, да не застануваат и да се оддалечат од зградата. Децата се држат за рака, имаат картички со нивните имиња, гледаме дека ги чекаат нивните родители – изјави репортерот од местото на настанот.

 Во моментов не се знае дали има повредени, додека официјална потврда за тоа кој е напаѓачот нема.

Исто така, се појави информација дека има повеќе од еден напаѓач.

По вториот истрел сите почнаа да бегаат. Трчав со децата… моето семејство – изјавила за NBC сведокот Марија од Колумбија.

Еден напаѓач елиминиран

 Шерифот Ед Гонзалес рече дека властите застрелале еден од напаѓачите, пренесува ABC Chicago.

Не е јасно дали некој е приведен.

 Црквата Лејквуд ја водат Џоел Остин и неговата сопруга и Викторија Остин. Џоел Остин е еден од најбогатите и најпопуларните пастири и евангелистички проповедници во САД, според агенциите.