ВИДЕО | Камера снимила страшен момент кога бомбаш самоубиец го активирал експлозивот: Сè уште се пребројуваат мртвите по невидениот хорор на политички митинг (вознемирувачко)

Бомбаш самоубиец се разнесе на политички митинг на исламистичка партија во северозападен Пакистан, при што животот го загубија најмалку 40 луѓе.

Повеќе од 130 луѓе, меѓу кои и многу деца, се повредени во страшната експлозија на периферијата на Кар во близина на границата со Авганистан. На видео-снимката се гледа како луѓето го слушаат говорникот додека веат знамиња за поддршка пред митингот да биде прекинат од застрашувачка експлозија.

Началникот на локалната полиција Ахтар Хајат вели дека експлозијата била предизвикана од бомбаш самоубиец, пренесуваат странските медиуми.

Некои од повредените се пренесени во главната градска болница каде е прогласена вонредна состојба, додека други со воени хеликоптери се префрлени во болниците во Пешавар.

Меѓу загинатите во експлозијата е и локалниот лидер на партијата.

На територијата на Пакистан зачестија нападите на исламистичките милитанти, но повеќето од последните напади беа насочени кон безбедносните сили, а не кон политички собири.

Се уште никој не ја презел одговорноста за нападот.

Низ Пакистан се организираат митинзи пред претстојните избори што ќе се одржат во октомври.