Скандал го тресе фудбалот: Прекината лигата која беше рај за обложувалници: сите местеа натпревари – судии, играчи, тренери…

Фудбалската федерација на Боливија одлучи да го прекине првенството во двата највисоки ранга поради местење натпревари.

По неколкумесечна истрага, беше утврдено дека исходот на голем број натпревари е наместен во оваа земја.

Истражителите кои го водеа овој случај утврдија дека огромна криминална мрежа вклучува клупски лидери, играчи, тренери, судии… во местењето на натпреварите.

,,Местачите” биле прислушувани во текот на истрагата, а деновиве во јавноста се појавија снимки од разговорите кои докажуваат дека биле наместени бројни натпревари.

Фудбалскиот сојуз на Боливија беше принуден веднаш да реагира, па на вонредна седница беше донесена одлука за итно прекинување на натпреварувањата. Одлуката е донесена со 14 гласа „за“ и само еден „против“ и таа стапи во сила веднаш.

Во местењето биле вклучени повеќе од половина прволигашки и второлигашки клубови, бројни играчи, тренери и судии.

Фудбалската асоцијација на Боливија побара од Јужноамериканската фудбалска конфедерација (КОНМЕБОЛ) да дозволи организација на ново првенство за одредени клубови што ќе се игра во текот на есента и зимата.

Натпреварите во Боливија беа познати по многу пресврти и голем број голови, па многу луѓе уживаа да се обложуваат на овие натпревари.

Резултатите на бројни натпревари беа сомнителни и на крајот се покажа дека тие сомнежи се целосно оправдани.