Нови детали за страшното мачење на момче (5) во Белград: Очувот и ги горел дланките и на мајката на детето
Несреќното дете имало модринки и подливи по целото тело и изгореници на табаните и дланките, покрај бројните повреди по телото, на момчето му било констатирано воспаление на белите дробови и вода во ткивото на белите дробови.
Повредена е и сопругата на Иван А.(40) од Белград, кој е уапсен под сомнение дека ги малтретирал неа и нејзиниот син (5) во станот, горејќи ги табаните и дланките на момчето на шпорет.
“Таа исто така има изгореници и на дланките и успеа да побегне кога тој пијан заспал“, изјавиле за Телеграф.
Осомничениот е пренесен во болницата „Д-р Лаза Лазаревиќ“ и во наредните денови ќе биде сослушан во Второто основно јавно обвинителство .
Кај момчето биле констатирани тешки физички повреди. Несреќното дете имало модринки и подливи по целото тело и изгореници на стапалата и дланките.
Момчето е сместено е во Заводот за мајка и дете и е надвор од животна опасност.
Како што дознава „Телеграф.рс“, покрај бројните повреди по телото на момчето, му била констатирана пневмонија и вода во ткивото на белите дробови.
Овој грозоморен случај на семејно насилство бил откриен во понеделникот вечерта кога несреќната жена со дете побегнала од насилникот и дошла кај нејзините родители, кои веднаш повикале полиција и брза помош.
Соопштуваат од МВР
Полицијата во Чукарица го уапси И.А.(40) поради семејно насилство.
Се сомнева дека во претходниот период ја претепал и малтретирал својата дваесет и деветгодишна невенчана сопруга и нејзиниот петгодишен син.
Момчето со тешки физички повреди е задржано на лекување во Заводот за здравствена заштита на мајка и дете „Д-р Вукан Чупиќ“, а повредена е и неговата мајка.
Осомничениот со кривична пријава ќе биде изведен во Второто основно јавно обвинителство во Белград.