Нови детали од ,,Рибникар” – Адвокатот на семејствата на убиените излезе со шокантно тврдење за момчето кое денеска беше фатено со нож на училиште
Адвокатот на семејствата на убиените и повредените во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Врачар, по судењето во граѓанската постапка против семејството на момчето-убиец, зборуваше и за случајот што денеска се случи во истото училиште, кога училишниот полицаец пронашол нож во ранецот на ученик.
Тој наведува дека има информации дека овој ученик бил пријавуван и претходно.
– Во врска со тој нож, веќе двапати официјално е пријавено во училиштето за проблематичното однесување на тој ученик кој донел нож на училиште . Беше објавено дека на социјалните мрежи се објавуваат заканувачки пораки. Родителите го пријавувале тоа, отишле кај психолози, но тие пријави се толерирале како родителите психички да се откажале поради 3 мај, дека шират паника, дека всушност им е потребна психолошка помош – рече адвокатот на повредените семејства.
Во училиштето немало никакви инциденти , а момчето кое го имало ножот било приведено во полициска станица.
– Кај еден од учениците на училиштето – осмоодделенец пронајден е нож, но немало никаков инцидент. На детето му го одзеле ножот, а на децата им било дозволено да си одат дома. Децата се доволно трауматизирани. Ние како родители секако сме загрижени, но мораме да се погрижиме училишната средина да биде безбедна за нашите деца – изјави еден од родителите.