Нови ексклузивни детали за убиството на Орхан Бајрами Оки во Ханиоти-Ги пукале однадвор а потоа влегле во апартманот каде имало пет лица-две биле девојки од Македонија (Фото)

Во скопското подземје врие во последните половина година. Прво се случи убиството во скопскиот Шиша бар, на влезот во скопската Стара Чаршија, каде беше убиен Јетон Кривањева кој беше главната логистика на кланот Грчец, заедно со него беше убиен и Енес Исеини. Потоа следуваше и убиството на Блерим Даци алијас Шабани во Приштина, кој според пишувањето на македонските медиуми бил опфатан во истрагата за двојното убиство во Шиша бар.

Утринава грчката Прототема објави, дека во раните утрински часови во саботата во Ханиоти на Халкидики се случил крвав напад со огнено оружје, во кој загина 39-годишен маж, а тешко бил повреден 45-годишен маж.

Според првите информации на грчките медиуми, шокантниот инцидент се случил околу 3 часот и 30 минути утринава кога двајца напаѓачи со заштитни маски на лицето пристигнале во апартманот што го изнајмиле жртвите од Скопје, во познато летувалиште Ханиоти, и отвориле оган врз нив.

Според истите извори, двајцата сторители на местото на убиството пристигнале на мотор а на истиот начин и се оддалечиче по извршеното убиство.

Од истрелите со огнено оружје е убиен 39-годишниот Орхаин Баграини ( Орхан Бајрами ), познат како Оки, за кого грчките медиуми пишуваат дека е бизнисмен со казино и трговија со алкохол во Скопје, додека неговиот 45-годишен сонародник Сеад Слезовиќ е повреден и се лекува во болницата Полигирос. Изворите велат дека пред три месеци бил убиен и пријател на жртвата.

Според извори во Грција, убијците почнале да пукааат во апартманот однадвор, а потоа влегле внатре и продолжиле со пукањето. Во моментот на убиството во апартманот имало пет лица, три мажи и две девојки. Освен убиениот Орхан Бајрами ( роден 1984 година ) на кого сега од страна на грчките полициски и медицински служби му се врши обдукција, ранет бил и Сеад Слезовиќ ( роден 1978 година ) кој е тешко ранет, но, како што кажуваат изворите од Грција, останал жив, иако во македонските криминални кругови се шират и други шпекулации.

Во апартманотот било и трето машко лице – Мухамед Ч. кој не бил ранет во вооружениот напад. Нашите извори од Грција велат дека во апартманот имало и две женски лица со потекло од Македонија, но дека и тие не се ранети во целата пукотница.

Според грчки полициски извори, во апартманот не бил Шеваљ Муареми, неформалниот лидер на кланот Грчец, иако на социјалните мрежи биле лиферувани такви информации. Има индиции дека тој бил во Ханиоти но бил сместен на друга локација!? Но тие се уште не се потврдени од грчка страна.

Ова е голем удар за кланот Грчец/Дуќанџик кој во последните неколку месеци се деткувани и дел од нивните шефови или се убиени или се во бегство. Грчките медиуми пишуваат дека и убиениот Бајрами дошол во Грција по најава дека му се подготвува ликвидација.