Новоформираното министерство за јавна администрација ги повлече од собраниска процедура трите закон предлози кои беа поднесени од претходната влада. Се работи за закони за административни службеници, за вработените во јавниот сектор и закон за стручно усовршување и обука на административците.
Јавната администрација во демократските земји се смета како еденод носечките столбови на една држава. Со организирањето на кампања со дебати во која се вклучува граѓанскиот невладин сектор, синдикални и меѓународни организации, ќе се доработуваат законите.
Со овие нови законски решенија власта тврди дека ќе се оневозможи партизирање на администрацијата, но и усовршување и давање на квалитетни услуги на сите граѓани.