Во текот на оваа година, најверојатно напролет, нашите граѓани може да се соочат со нови вести за влез во ЕУ, донесени од електронскиот систем ЕТИАС (ETIAS) за апликација за влез во ЕУ, пренесува Фокус.
Всушност, тоа е систем каде што луѓето кои сакаат да патуваат во ЕУ ќе мора да се регистрираат преку соодветната апликација кога првпат ќе влезат во ЕУ и да платат за таа регистрација.
Накратко, системот ЕТИАС (ETIAS) значи дека без регистрација во апликацијата нема да може да се патува во ЕУ, а дозволата за патување добиена со регистрација ќе чини седум евра, што нема да ja бараат само оние помлади од 18 и над 70 години. Tие не мора да ја платат споменатата сума туку ќе треба да се регистрираат во системот.
За одговор треба да почекате најмалку два дена.