Нови проблеми за Барселона: 20-годишниот супер-талент се повреди на тренинг – не се знае колку време ќе биде надвор од терените

Фудбалерот на БарселонаПедри го повреди десниот бут на тренинг, соопшти каталонскиот клуб, без да прецизира колку време играчот од средниот ред ќе биде надвор од терените.

Фудбалскиот клуб Барселона информира дека првотимецот Педри го повреди мускулот на десниот бут“, се вели во соопштението.

Според шпанските медиуми, 20-годишниот фудбалер би требало да отсуствува неколку недели, што значи дека ќе ги пропушти и септемвриските натпревари на Шпанија во квалификациите за ЕП.

Тоа е нов удар за Барселона, која поради истата повреда неколку недели беше без уругвајскиот стопер Роналд Араучо.

Барселона во неделата го победи Кадиз со 2:0 во второто коло од шпанската Примера, а Педри го постигна првиот гол за каталонскиот клуб во новата сезона.

По две одиграни кола во Примера, Барселона има четири бода, а во следното коло гостува кај Виљареал.