На почетокот на февруари, кралот Чарлс (75) се повлече од јавноста и ги прекина кралските должности.
Тогаш беше објавено дека боледува од рак.
Сепак, тој беше на мисија овој вторник и беше домаќин на верски водачи и членови на различни заедници во Лондон. Сите тие неодамна учествуваа на Форумот на верски поглавари.
Бакингемската палата објави неколку фотографии од дочекот, а многумина го коментираа изгледот на кралот откако беше откриено дека се бори со тешка болест. Некои велат дека ослабел и изгледа поинаку, додека други велат дека кралот „изгледа одлично“.
Today, His Majesty The King was joined by Community and Faith Leaders, who are alumni of the Windsor Leadership Trust, at Buckingham Palace.
— The Royal Family (@RoyalFamily) March 26, 2024
The King heard about their involvement in The Faith Leader’s Forum where they had an opportunity to openly share their experiences of… pic.twitter.com/zkKwTM00pt
Мило ми е што кралот се чувствува доволно добро за лично да присуствува“, напишаа тие.