НОВИ ШОКАНТНИ ИНФОРМАЦИИ ОД АТИНА – 13-годишно девојче е итно пренесено во болница со тешки повреди на главата од страна на хрватските хулигани

Нова страшна вест од Грција, пренесуваат соседните медиуми: 13-годишно девојче е хоспитализирано со тешки повреди по дивеењето на хулиганите на Динамо Загреб во Атина.

Според информациите со кои располагаат грчките медиуми, девојчето во тој момент заедно со семејството било во грчката населба Нова Филаделхија, каде и се случија немилите настани. 

Според извори, главата на 13-годишната девојка и била тешко повредена и била пренесена итно во болница.

Докторите соопштиле за соседните медиуми дека нејзината состојба е сериозна, но стабилна.

Во моментов во тек е истрага во населбата Нова Филаделфија, а на лице место се врши голема истрага. Погледнете како изгледа местото на настанот по големиот инцидент помеѓу навивачите на АЕК и Динамо Загреб:

слика
слика
слика
слика