Делагацијата на унгарскиот претседател Виктор Орбан дала зелено светло, земјата одново да се задолжи нови 500 милиони евра, а Владата донела одлука да отпочне процедурата во рамки на законот за задолжување кој неодмна беше донесен во Собранието.
Министерството за финансии е задолжено по истиот формален терк во наредните пет дена да подготви терен и да ги реализира и вторите 500 милиони евра, со што земјата на унгарската банка ќе и должи една милајрда со камата од 3,25 отсто.
Опозицијата и експертите жестоко реагираа дека земјата можела да обезбеди подобра каматна стапка за толкава голема сума. Првата транша треба да заврши во проекти за општините и четвртина милајрда за поволни кредити за компаниите.