НОВОРОДЕНЧЕТО ПОЧИНАЛО ВО БОЛНИЦА – СТРАШНА ТРАГЕДИЈА ВО АВСТРАЛИЈА: Двајца семејни ротвајлери нападнале и убиле петнеделно бебе

Австралиско новороденче почина во болница од ужасни повреди на главата откако било нападнато од две од семејните кучиња.

Кучињата во саботата околу 22.40 часот го нападнале петнеделното бебе во семејниот дом во Нов Јужен Велс.

Службите за итни случаи потврдија за Daily Mail Australia дека биле повикани во домот поради напад на куче.

Кога пристигнале во семејниот дом околу 10:45 часот, им било кажано дека бебето со приватно возило веќе било пренесено во болница.

За жал, бебето починало нешто по полноќ.

Во меѓувреме полицијата од семејната куќа однела две кучиња ротвајлер.

Портпаролката потврди дека кучињата се запленети, но не можеше да коментира повеќе поради тековната полициска истрага.

Сè уште не е познато дали кучињата биле евтанизирани, што е стандардна практика по фатален напад на куче.

Полицијата на Нов Јужен Велс започна истрага за тоа што точно се случило во домот и каде биле родителите во тоа време.