Новороденче фрлено во канта за ѓубре во Грција – снимка на која татко го држи во раце и оди кон канти

Новородено бебе било пронајдено без знаци на живот вчера попладне во канта за отпадоци во Враврона, Грција.

На најновото видео објавено, се гледа како 24-годишниот татко го фрла бебето во канта за ѓубре.

На снимката снимена од безбедносните камери се гледа како мажот оди кон корпата за ѓубре држејќи го детето – завиткано во бела кеса – и го фрла.

Парот од Непал е уапсен, додека во полиција изјавиле дека не го закопале детето, туку дека е предвреме родено во четвртиот месец и абортусот го извршил во хотелската соба.

Причината за смртта на бебето ќе биде откриена во понеделник преку форензичко вештачење, од кое ќе се утврдува дали бебето било веќе мртво кога било фрлено во ѓубре или било фрлено живо.

Обдукцијата ќе покаже дали имало кислород во белите дробови на новороденчето и се очекува да се знае дека на телото имало траги на повреди. Односно, ако тие доаѓаат од човечка рака или се резултат на фрлање во ѓубре.