Новото застрашувачко оружје на Русија го преплави фронтот! Украинците треперат кога ќе го видат, речиси и да нема одбрана…

Роман Костенко, секретарот на парламентарната комисија за национална безбедност, одбрана и разузнавачки прашања на Врховната Рада, предупреди дека е речиси невозможно да се брани од современите руски беспилотни летала, кои користат оптичка комуникација, на модерното бојно поле.

Во интервју за украинското радио НВ, Костенко рече дека боиштата сега се преплавени со беспилотни летала, а особено опасни стануваат беспилотните летала поврзани со оптички кабел , кој овозможува постојано поврзување и речиси неограничена контрола од големи растојанија .

– Бојното поле е веќе презаситено со дронови, а се потешко се неутрализираат. И сега имаме беспилотни летала со оптички кабел, од кои и градовите и одбранбените линии се многу тешки за одбрана. Непријателот ги користи тие системи помасовно од нас –  нагласи Костенко.

Тој објасни дека руските оператори користат тактика позната како „лов“ – овие беспилотни летала може да се доведат на одредена позиција, да слетаат, а потоа да чекаат цел.

– Ги тераат да чекаат, а кога ќе дојде камион или група војници, дронот се крева и ја погодува целта. Класичен FPV-дрон може да лета само еднаш, троши енергија и мора веднаш да удри. Но, оптичките дронови, благодарение на кабелот, имаат способност да го чекаат вистинскиот момент. Затоа нивниот успех е речиси загарантиран –  изјави Костенко.

Тој заклучи дека тоа е голем предизвик за украинската армија, бидејќи ваквите дронови ги менуваат правилата на игра на фронтот, а Русија, како што вели, има техничка предност во овој сегмент.

– Тоа е огромен проблем. Тешко е да се браниш од нив. И, за жал, во овој поглед, Русија не надминува нас –  предупреди украинскиот функционер.