Ново намалување на цените на нафтените деривати во Македонија

Регулаторната комисија за енергетика, водостопанство и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија донесе одлука за намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,85% во однос на одлуката од 08.04.2025 година.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС – 95 и ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) како и Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалуваат за 2,00 ден/лит.

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС – 98 се намалува за 2,50 ден/лит. Малопродажната цена на Мазут M-1 SU се намалува за 1.041 ден/кг и сега ќе изнесува 38.965 ден/кг.

Од 10.04.2025 година во 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе бидат:

ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе се продава за 74,00 ден/лит.

ЕУРОСУПЕР БС – 98 ќе се продава за 76,00 ден/лит.

ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) се продава за 66,50 ден/лит.

Екстра лесното масло за греење 1 (ЕЛ-1) ќе се продава за 66,50 ден/лит.

Мазут М-1 SU ќе се продава за 38.965 ден/килограм.