НОВО ПОГЛАВЈЕ- Меси официјално претставен како нов играч на Интер Мајами, го зеде дресот со број 10

Аргентинскиот фудбалер Лионел Меси пред неколку дена со семејството пристигна во Мајами, потоа беше на лекарски прегледи и официјално стана член на Интер, тим од МЛС лигата.

Папараците во Америка внимателно го следат Меси и со големо внимание го следат секој негов потег, а тој вчера беше снимен на стадионот на неговиот нов клуб.

Интер вчера вечерта најави официјален пречек на Аргентинецот кој ќе ја носи неговата „десетка“, а за денес е закажана промоција која ќе биде придружена од неколку десетици илјади навивачи.

Да потсетиме, „Месиманија“ на Флорида трае веќе еден месец, односно откако беше потврдено дека еден од најголемите играчи ќе игра за Интер и ќе заработува од 45 до 55 милиони долари по сезона.

Меси потпиша договор до јуни 2026 година, а следната недела се очекува да дебитира против Круз Азул (22 јули).

Надежта на сите е дека Меси заедно со Серхио Бускетс и Жорди Алба ќе го стартува клубот од последното место во Источната конференција на МЛС.

Интер во 21 одигран натпревар оствари само пет победи и три нерешени, а сите очекуваат дека новиот тренер Тата Мартино и играчите предводени од Меси ќе го одведат клубот во play-off.