Ново „чудо од дете“ го сруши рекордот на Јамал само една година по Европското првенство

Фудбалската репрезентација на Мексико стана шампион на Северна и Централна Америка со победата во финалето против Соединетите Американски Држави, а во таа прилика видовме и рекорд кој би можел да остане во книгите за фудбалска историја долго време.

Суперталентираниот мексикански фудбалер Гилберто Мора (16) стана најмладиот играч во историјата што освоил голема сениорска титула на меѓународно ниво, победувајќи го Ламин Јамал.

Во натпреварувањето влегуваат светски и континентални првенства. Младиот Мексиканец го освои трофејот Голд Куп на возраст од 16 години и 265 дена, соборувајќи го рекордот на Ламин Јамал од Европското првенство во 2024 година.

Рекордот на Јамал не траеше долго. Шпанскиот претставник стана европски шампион со својата селекција кога имаше 17 години и еден ден.

Легендарниот Пеле, кој го држеше рекордот со децении, сè додека не го сруши Јамал минатата година, падна на третото место. Да потсетиме дека Пеле стана светски шампион со Бразил во 1958 година кога имаше 17 години и 249 дена.

Мора, инаку фудбалер од Тихуана, Мексико, за кого се очекува одлична кариера, играше во финалето на Голд Купот и одигра одлични натпревари. Му асистираше на Раул Хименез за победничкиот гол во полуфиналето против Хондурас, а потоа одигра 75 минути од финалето против САД.

Станува збор за офанзивен играч од средниот ред и плејмејкер, инаку позиција која во последно време е во вистински дефицит во светот на фудбалот, а играчите кои ја играат се на висока цена. Затоа не треба да биде изненадувачки ако наскоро не започне вистинска војна за мексиканскиот бисер.