НОВ БИЛАНС ЗА ЗЕМЈОТРЕСОТ ВО ТУРЦИЈА – Бројот на жртви достигна речиси 48.000 луѓе!

Турските власти денеска соопштија дека бројот на загинати во разорните земјотреси од минатиот месец достигнал 47.975 лица.

Директорот на Дирекцијата за катастрофи и вонредни состојби (АФАД), Јунус Сезер, на прес-конференција соопшти дека меѓу загинатите има 6.278 странци, од кои најголем удел имаат сириските државјани.

Земјотрес со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала погоди 11 турски провинции и делови од соседна Сирија на 6. февруари.

Обединетите нации проценуваат дека бројот на загинати во Сирија е 6.000.

По земјотресот, неколку часа подоцна следеше уште еден земјотрес со јачина од 7,5 степени според Рихтеровата скала, како и поголем број последователни потреси.

Најмалку 230.000 згради се уништени или сериозно оштетени во Турција.

Експертите како главна причина за големиот број жртви во земјотресите ја нагласуваат лошата примена на градежната регулатива.