Фудбалерите на Манчестер јунајтед на свој терен го победија Кристал палас со 2:1 во натпреварот од 22 коло на Премиер лигата.
Јунајтед поведе во седмата минута, кога Бруно Фернандеш погоди од белата точка. Предноста за „црвените ѓаволи“ ја зголеми Маркус Рашфорд во 62 минута, а осум минути подоцна домашните останаа со десетмина на теренот, откако Касемиро доби црвен картон.
Лондонскиот тим до крајот успеа само да го намали резултатот со голот на Џеф Шлуп во 76. минута. Јунајтед е на третото место во Премиер лигата со 42 бода, додека Кристал палас е на 12 место со 24 бодови по пет врзани натпревари без победа.
Вулверхемптон на домашен терен го победи Ливерпул со 3:0. Веќе во петтата минута автогол си постигна фудбалерот на Ливерпул, Џоел Матип, а победата за домашните ја потврдија Крег Досон во 12 минута и Рубен Невес во 71 минута.
По четвртиот последователен натпревар без победа, Ливерпул е на 10 место со 29 бодови, а Вулверхемптон е на 15 место со 20 бодови.