Жена од Нов Зеланд имала стомачни болки 18 месеци по царски рез, сѐ додека скен не открил оперативен инструмент, „по грешка“ оставен во нејзиното тело. Предметот наречен „Алексис вовлекувач“ е со големина на чинија.
„Алексис“ бил оставен во стомакот на жената откако се породила во Градската болница во Оукленд во 2020 година. Комесарот за здравје и попреченост на Нов Зеланд, Мораг Мекдауел утврди дека болницата го прекршила Правилникот за правата на пациентите.
Д-р Мајк Шеферд, директор за операции на установата во Оукленд, се извини за грешката и уверува дека веќе се работи на спроведување на препораките на надлежните.