Нов лек за астма: поздравен како „револуционерно“ откритие

Нов лек за астма, прв од ваков вид во последните 50 години, беше поздравен како „револуционерен“ од лекарите и пациентите, откако клиничкото испитување покажа дека е многу поефективен од традиционалните таблети во лекувањето на тешка астма.

Станува збор за лекот Бенрализумаб. Бенрализумаб е антитело што ги таргетира белите крвни зрнца кои можат да ги нападнат белите дробови кај луѓето со еозинофилна астма , форма на болеста што предизвикува оток и стеснување на дишните патишта.

Резултатите од клиничкото испитување покажаа дека пациентите со астма или хронични белодробни заболувања кои примиле инјекција од овој лек за време на напад имале помала веројатност да имаат отежнато дишење и други симптоми четири недели подоцна.

Имаше и значително подобрување во квалитетот на животот, според податоците објавени во списанието „The Lancet Respiratory Medicine“.

Редовната употреба на стероиди го зголемува и ризикот од дијабетес и остеопороза, истакнуваат експертите.