НОВ НОВ РЕКОРД ДВА ДЕНА ПРЕД МЕЧОТ СО АЛКАРАЗ! Останува уште дуелот кој СИТЕ ГО ЧЕКААТ, Ѓоковиќ на најдобар начин ја завршува годината!
Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ овој понеделник ја започна 405-та недела на врвот на АТП листата.
Србинот на тој начин дополнително го подобри рекордот кој уште долго ќе му припаѓа.
Најдобрите играчи на денешницата наголемо се подготвуваат за следната сезона и не играа на турнири, па немаше промени во врвот.
Новак е прв со 11.245 бодови, Карлос Алкараз има 8.855, а Данил Медведев 7.600.
За потсетување, Ѓоковиќ ќе игра на егзибиција во Ријад во среда на 27 декември, а противник ќе му биде Алкараз .
АТП листа:
- Новак Ѓоковиќ 11.245
- Карлос Алкараз (Шпанија) 8.855
- Данил Медведев (Русија) 7.600
- Јаник Синер (Италија) 6.490
- Андреј Рубљов (Русија) 4.805
- Стефанос Циципас (Грција) 4.235
- Александар Зверев (Германија) 3.985
- Холгер Руна (Данска) 3.660
- Хуберт Хуркач (Полска) 3.245
- Тејлор Фриц (САД) 3.100
…..
33. Ласло Џере 1.285
52. Душан Лајовиќ 914 г
54. Миомир Кечмановиќ 905
113. Хамад Меѓедовиќ 582